Калин Ивановски се пласираше во второто коло на јуниорскиот Вимблдон

Најдобриот млад тенисер на Македонија, Калин Ивановски се пласираше во 2. коло на Вимблдон, откако во првиот меч во јуниорска конкуренција славеше над десеттиот носител, Американецот, Дејли Бланш со 2-0, по сетови 7-5 и 7-6.

Ивановски лошо го почна мечот и уште во првиот гем му дозволи брејк на противникот. Сепак, како одминуваше мечот тој играше се подобро и со серија од 5-1 го доби првиот сет со 7-5. Во вториот сет немаше ниту еден брејк, а во тај-брејкот, Ивановски беше посконцентриран и славеше со 7-4.

Во второто коло Ивановски ќе против Литванецот, Едас Бутвилас.

Се вчитува...