Калин Ивановски со феноменален пресврт до финале на фјучерсот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе игра во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Скопје.

Ивановски по повеќе од два часа игра, со феноменален пресврт славеше во полуфиналето против петтиот носител, Ергл Киркин од Турција во три сета. Првиот го доби Турчинот со 3-6, за да потоа следи целосна доминација на Ивановски кој ги доби следните два сета со 6-2 и 6-2 за конечна победа.

Македонскиот тенисер во финалето утре ќе се сретне со третиот носител Вајенбург од Франција.

Се вчитува...