Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП листата во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од 50 места на новата АТП листа и се искачи на 362. место што за него е најдобар ранкинг досега.

Предводник на ранкигот останува Новак Ѓоковиќ кој неодамна стигна до рекордниот 23. грен-слем трофеј освојувајќи го Ролан Гарос. За српскиот тенисер тоа е 389. седмица на врвот на АТП.

По Србинот следат: Алкараз, Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Фриц, Синер, а листата на првите десеттмина претрпе и промена со тоа што на истата сега има место и за Тифо кој забележа скок од две места оставајќи го зад себе Качанов.

Се вчитува...