Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП листата во кариерата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од 39 места на новата АТП ранкинг листа и забележа нов личен рекорд.

Македонскиот тенисер по настапот во четвртфиналето на силниот Челинџер турнир во Романија сега се наоѓа на 331. место на ранкингот.

На истиот пак на врвот останува Карлос Алкараз кој вчера славеше против Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. Србинот е втор, а „големата десетка“ ја комплетираат Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Синер, Фриц и Тифо.

Се вчитува...