Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го стартуваше со победа и новиот ИТФ фјучерс во Монастир, Тунис.
Ивановски (534. место на АТП листата), кој е прв носител на овој турнир, без никакви проблеми со 6-3 и 6-3 го совлада Олаф Печковски од Полска, обезбедувајќи си место во осминафиналето на турнирот.
Нашиот тенисер на минатиот турнир во Монастир, кој се одржа изминатава недела, беше поразен во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА