Калин Ивановски со втора победа во Јаши

Калин Ивановски оствари втора победа на турнирот во Јаши, Романија. Нашиот најдобар тенисер денеска со два „тај-брејка“ го совлада домашниот тенисер Тамеску со 7:6 (11:9 тај брејк), и 7:6 (7:5 тај брејк) за пласман во главната рунда на турнирот.

Ова за Ивановски беше втора победа во Јаши, откако претходно со 2-0 го „збриша“ Вокин од Австралија.

Ивановски сега го чека ривалот во главната рунда од ова натпреварување, каде стартува од 1/16 финалето. Турнирот во Јаши почна вчера и се игра до 16 јули.

Се вчитува...