Калин Ивановски спарингува со Борна Чориќ

Најдобриот македонски млад тенисер, Калин Ивановски продолжува со подготовките за предизвиците кои го очекуваат во 2022 година. По настапот на јуниорскиот турнир на Австралија опен, македонскиот тенисер работи напорно на темпирање на формата.

Тој имаше тренинг со хрватскиот тенисер Борна Чориќ кој се опоравува од повреда. Чориќ своевремено беше 12. тенисер во светот, а играше финале и на АТП Мастерс 1000 турнирот во Шангај.

На гранд-слем турнирите најголем успех на Чориќ е четвртфиналето кое 2020 година го играш не УС опен.

Се вчитува...