Калин Ивановски во два сета до четвртфиналето на фјучрсот во Сетубал

Најдобриот македонскиот тенисер, Калин Ивановски, се пласираше во четвртфиналето на фјучрсот во португалскиот град Сетубал, откако во 2. коло славеше против домашниот тенисер Франциско Роча.

Ивановски во два сета го победи Роча, со 7-6, 6-3, доминирајќи на мечот иако противникот во одредени делови и пружи сериозен отпор.

Македонскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против уште еден домашен тенисер Жаиме Фарла кој  денеска го победи седмиот носител Клеман Шиде од Франција со 2-0 во сетови (6-4, 7-5).

Се вчитува...