Калин Ивановски во осминафиналето на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло во крајно интересен натпревар славеше над Литванецот Едас Бутвилас со 2-0, по сетови 7-6 и 7-6.

Ивановски имаше брејк позитива во првиот сет, но Литванецот брзо се врати по што сетот замина во одлучувачкиот 13. гем, во кој посконцетриран беше нашиот тенисер и со 7-4 го доби тај-брејкот и поведе со 1-0 во сетови. Вториот сет беше вистински маратон. Прво Ивановски успеа да спаси три врзани брејк топки, за потоа на 5-4  не успеа да искористи две меч топки и сетот повторно да замине во тај-брејк. Таму се водеше вистинска битка, а нашиот Ивановски успеа да ја добие со 8-6.

Ивановски во осминафиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Бразилецот, Жоао Виктор Коуто Лоуреиро и домашниот тенисер Џак Пинингтон Џоунс.

Се вчитува...