Калин Ивановски во полуфиналето на Европското првенство до 14 години

Еден од најголемите македонски тениски таленти Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на Европското првенство до 14 години.

Ивановски во четвртфиналето славеше против петтиот носител на турнирот, Французинот Лука Ван Еш славејќи во три сета со 5-7,6-0,7-5.

Уште еден голем фаворит на тој начин падна пред македонскиот тенисер. Претходно Ивановски ги елиминираше и првиот носител на шампионатот, и 13-то носител во четвртата рунда натпревари.

Во полуфиналето Калин Ивановски ќе игра против четвртиот носител Мили Полјичак од Хрватска.

Се вчитува...