Калин Ивановски во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот кој за награден фонд од 25.000 долари се игра во Скопје.

Ивановски обезбеди место во полуфиналето без борба, откако неговиот противник во четвртфиналето Мирза Башиќ од БиХ го предаде мечот поради повреда.

Во полуфиналната пресметка македонскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу првиот носител Милјан Зекиќ од Србија и Турчинот Ергл Киркин.

Се вчитува...