Калин: Ноле ти благодарам за прекрасните десет дена (ФОТО)

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски веројатно ги имаше досега најубавите десет дена во својата кариера откако имаше подготовки во Дубаи со најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и неговиот тим.

Ивановски на социјалните мрежи му се заблагодари на Србинот за несебичната поддршка тие десет дена.

„Би сакал да му се заблагодарам на Новак Ѓоковиќ и на неговиот тим за незаборавните десет дена во Дубаи. Ми беше задоволство и привилегија да го делам тенискиот терен со тебе“, напиша Ивановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Се вчитува...