Калин славеше над најмладиот од браќата Циципас на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Загреб, откако денеска со максимални 2-0 по сетови 7-6 и 7-5 го совлада грчкиот претставник Павлос Циципас.

Со овој триумф, македонскиот тениски ас ја потврди одличната форма и го продолжи успешниот чекор кон завршницата на турнирот во Хрватска.

Македонецот во следната рунда ќе игра против подобриот од мечот меѓу Трембли и Баранко Косано.

Се вчитува...