Калиниќ ја откачи Барса и потпиша за Црвена Звезда

Црвенa Звезда одговори на создавањето на моќен тим на Партизан со ангажман на еден од најдобрите српски кошаркари во Европа. Никола Калиниќ од денеска поворно е член на „црвено-белите“ откако потпиша двогодишен договор со овој клуб, каде се враќа по шест години пауза.

Калиниќ стана слободен играч по заминувањето од Валенсија, а шпанските медиуми најавуваа дека тој веќе го има договорено трансферот во Барселона. Сепак, сметките на каталонскиот гигант во последен момент ги замрси српскиот шампион, кој му понуди значително повисока плата на репрезентативецот на оваа земја.

„Никола Калиниќ се враќа на Мал Калемегдан. Репрезентативецот на Србија, освојувачот на Евролигата со Фенербахче и на тројцата круна со Црвена Звезда, поворно е дел од нашиот клуб. Во оваа прилика сакаме да го изразиме задоволството што Никола одби неколку одлични понуди од Евролигата и од регионот за да се врати во клубот со кој своевремено ја освои првата тројна круна, за која даде огромен придонес“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Се вчитува...