Калиниќ со скандалозно однесување по крајот на финалето во АБА (ВИДЕО)

Црвена Звезда ја одбрани титулата во регионалната АБА лига откако во финалната серија славеше со 3-2 против големиот ривал Партизан.

Финалната серија како по навика ја одбележаа инциденти, а синоќешната мајсторка се одигра под големи тензии како на теренот така и на трибините. На стартот на третата четвртина салата беше испразнета поради инциденти на трибини, а по завршувањето на мечот првата ѕвезда на „црвено-белите“ се одлучи прво нешто што ќе направи да биде провокација кон противникот.

Калиниќ го урна сето тоа што го градеше повеќе од една деценија во својата професионална кариера. Веднаш по завршувањето на петтиот меч, тој се стрча кон клупата на Партизан за да израмни некои сметки со девет години помладиот Трифуновиќ.

 

Се вчитува...