Калјари ја шокираше Аталанта среде Бергамо

Серијата добри резултати на Аталанта беше прекината попладнево откако овој тим загуби на домашен терен од Калјари со 0-2. Избраниците на тренерот Гасперини не одиграа на висина на задачата, а дополнителен проблем претставуваше црвениот картон на Иличиќ заработен пред крајот на првото полувреме.

Калјари создаде повеќе шанси во првото полувреме, па успеа и да го отвори резултатот откако Пашалиќ со несмасна интервенција ја затресе сопствената мрежа. Папу Гомез со одличен шут ја затресе гредата од голот на Калјари, за само неколку минути подоцна да следи црвениот картон на Иличиќ, поради намерно удирање без топка на противнички фудбалер.

Со играч помалку Аталанта немаше никакви шанси да направи пресврт, а Калјари во вториот дел постигна и втор гол, преку Олива во 59. минута.

Се вчитува...