Калјари славеше над Рома со 3-2 во 33. коло во италијанската Серија А. Домаќините поведоа со голот на Лукијанис во 4. минута, до крајот на првото полувреме Перез израмни на 1-1 во 27. Во 57. минута Марин донесе ново водство за Калјари од 2-1, а седум минути подоцна со голот на Жоао Педро домаќините зголеми на 3-1.
До крајот на мечот Фацио во 69. минута успеа само да го ублажи поразот на „римската волчица“. Рома останува на седмото место на табелата со 55 бода, додека Калјари побегна од опасната зона и сега е на 17 позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА