Хозе Калјехон сериозно размислува да си замине од Наполи на крајот од сезонава, одбивајќи ги понудите за продолжување на соработката со италијанскиот вицешампион.
Ескфудбалерот на Реал Мадрид планира да си замине не само од Италија, туку и севкупно од европскиот фудбал, па кариерата да ја продолжи во далечната Кина. Сериозен интерес за овој фудбалер покажува Далијан Јифанг, тим за кој настапува екскапитенот на Наполи, Марек Хамшик, а тренер е Рафа Бенитез, кој исто така претходно седеше на клупата на „наполитанците“.
Калјехон e член на Наполи од 2013 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА