Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Ролан Гарос со рутинска победа над Узбекистанецот Денис Истомин во три сета. Федерер, моментално осмиот играч на АТП-листата, славеше против 204-от рекет во светот со 6:2, 6:4, 6:3 за еден час и 35 минути игра.
Легендарниот тенисер се врати на Отвореното првенство на Франција по пауза од една година, каде го одигра својот последен натпревар во полуфиналето во 2019. Во меѓувреме, тој имаше долга пауза поради повреда. Потоа забележа изненадувачки порази на неколку турнири, вклучително и неодамнешното испаѓање на стартот од Женева, но беше подготвен за стартот на Гарос.
Роџер денес покажа квалитетна игра, го диктираше темпото од самиот почеток и не му дозволи на ривалот никаква шанса за брејк.
Back in business ?@rogerfederer scores an impressive 6-2, 6-4, 6-3 win over Istomin.#RolandGarros pic.twitter.com/a4YFEjBQXC
— ATP Tour (@atptour) May 31, 2021
Rolling back the clock today ?
?: @rolandgarros | @rogerfederer pic.twitter.com/HBZCYJiitc
— ATP Tour (@atptour) May 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА