„Кам-бек“: Покетино во финални преговори за преземање на клупата на Ница

Маурисио Покетино е во финални преговори за преземање на кормилото на Ница, па по мандатот во ПСЖ ќе добие нова шанса да се врати во француската Лига 1. Прволигашот не е задоволен со работата на Лусијан Фавр и веќе му подготвува отказ.

Искусниот стручњак дојде на клупата на клубот од Азурниот брег на Франција ова лето, наследувајќи го Кристоф Галтие кој замина во ПСЖ, токму како наследник на Покетино. Сепак, во Ница не се заздоволни од Фавр, особено по лошиот старт на сезоната.

Аргентинецот својата тренерска кариера ја започна во Еспањол, а потоа преку Саутемптон дојде до Тотенхем. Со „петлите“ играше во финалето на Лигата на шампионите и се препорача во Пари Сен Жермен, но поради проблеми во соблекувалната замина од овој клуб.

Изборот за нов тренер падна на Покетино, иако тој ќе има високи финансиски барања. Амбициите на Ница се високи, клубот игра во Европа и минатата сезона заврши на петтото место во Лига 1.

Се вчитува...