Камара пред трансфер во Астон Вила

Супер талентираниот француски фудбалер Бубакар Камара е во завршни преговори со Астон Вила. 22-годишникот претходно изјави дека го напушта Олимпик Марсеј, со зборовите дека тоа е најдобрата одлука за него во моментов.

Камара оваа сезона беше предмет на интерес на голем број клубови, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваа Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид.

Сепак, се чини дека Камара кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, договорот се уште не е потпишан, но биле договорени сите детали и се очекува тој да биде официјализиран во следните неколку дена.

Камара како слободен играч ќе се пресели во тимот од Бирмингем, кој ќе добие големо засилување за следната сезона.

Се вчитува...