Камавинга: Мбапе во Реал Мадрид? Сакате ли да ја знаете вистината…

Пред реванш средбата во Лигата на Шампиони помеѓу Реал Марид и Лајпциг за медиумите говореше младиот француски репрезентативец Едуард Камавинга кој доби прашање и за неговиот сонародник Килијан Мбапе.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната по што е слободен да ја бира новата средина. Тоа најверојатно биде Реал Мадрид, клуб за кој напаѓачот не ги крие симпатиите, но како што вели Камавинга, бар засега Мбапе му нема откриено дали ќе бидат соиграчи и на „Сантијаго Бернабеу“.

„Сакате да ја знаете вистината? Не разговарав со него. Тој е играч на ПСЖ и навистина не знам што ќе биде следната сезона“, изјави Камавинга.

Се вчитува...