Едуардо Камавинга пресконференцијата пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Унион Берлин во Лигата на Шампионите меѓу другото го искористи и за пофалба на своите соиграчи, „кралските“ легенди Лука Модриќ и Тони Крос.
Младиот Французин изјави дека му е чест и задоволство да игра рамо до рамо со Модриќ и Крос, а додаде дека постојано се обидува да ги восхити Хрватот и Германецот.
„Ние младите играме повеќе оваа сезона, а легендите како Модриќ и Корис многу ни помагаат. Чест и задоволвство е да играш на позиција на која играат и тие. Сакаме да покажеме дека и ние сме тука, секогаш се обидувам да ги импресирам и нив и тренерот. Им се восхитувам на Модриќ и на Крос“, изјави Камавинга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА