Камбек на Лазаров по победата над коронавирусот

Кире Лазаров имаше успешен камбек на ракометните терени откако го победи коронавирусот, настапувајќи за Нант на гостувањето против Данкерк (20-25).

Мечот го одбележа цврста одбрана на двете страни, на одмор се замина со минимални 12-13 за Нант, за Лазаров и соиграчите во завршните десетина минути целосно да го скршат отпорот на домашниот состав. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со два погодоци и една асистенција, а најефикасен во таборот на Нант беше Ривера со пет погодоци.

Следен предизвик за Нант ќе биде дуелот од Лигата на Шампионите, на домашен терен против Мотор закажан за среда.

Се вчитува...