Камбек победа на Баерн за „мајсторка“ во Милано

Кошаркарите на Баерн Минхен и Олимпија ќе одиграат и петти натпревар во четвртфиналната серија во Евролигата откако германскиот клуб благодарение на фантастичната последна четвртина успеа да се врати од негатива од осум поени и да слави со 85-83 во неизвесна завршница.

Предводник на минхенскиот состав со 18 поени и 4 асистенции беше Болдвин, додека него го следеше Зипцер со 16 поени и 5 скока. Кај италијанскиот тим Дијелни постигна 28 поени и 3 скока, додека Шилдс додаде 17 поени и 5 асистенции.

Се вчитува...