Камбек во Словачка – Дени Илиев потпиша за Тренчин

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев ги разреши дилеми околу својата иднина откако денеска и официјално потпиша договор со словачкиот прволигаш Тренчин.

Големиот голмански талент важеше за огромен потенцијал откако замина во младинската школа на Арсенал, каде две сезони настапуваше и за резервниот тим на „топчиите“, како и во младинската Лига на Шампиони. Во меѓувреме кариерата сепак не му се движеше во посакуваниот правец, Илиев заминуваше на позајмици во различни клубови, а по истекот на договорот со Арсенал лондонскиот клуб реши да не ја продолжи соработката со него.

Од неколкуте понуди на маса Илиев ја избра онаа на Тренчин, што за него претставува камбек во шампионатот на Словачка, каде веќе настапуваше за екипата на Серед.

Тренчин моментно се наоѓа на деветтото место на табелата, има серија од пет порази во низа, а македонскиот голман сигурно ќе биде значаен адут на овој тим во борбата за излез од резултатската криза.

Се вчитува...