Камерите не го фатија моментот: Роналдо нокаутираше член на обезбедувањето, па му се извинуваше

Кристијано Роналдо беше во главна улога уште пред натпреварот Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед, на кој Португалецот за време на загревањето нокаутираше еден член на обезбедувањето на стадионот.

Стануваше збор за апсолутно ненамерна ситуација, но Кристијано со силен удар на триестеина минути пред почетокот на мечот буквално го патосираше човекот кој остана да лежи како покосен.

Оваа случка не беше фатена од ТВ-камерите, но Кристијано веднаш побрза да му се извини на човекот додека неговите колеги му укажуваа помош.

Се вчитува...