Камерон Нори е нов владетел на Индијан Велс

Камерон Нори е новиот шампион на Индијан Велс. Британецот во финалето по извонреден пресврт го победи Грузиецот Николас Басилашвили со 3-6, 6-4, 6-1.

Камерон Нори, кој влезе во натпреварот како благ фаворит, одлично го отвори натпреварот. Тој направи брејк во третиот гем и по 15 минути, резултатот беше 3-1 за Британецот. Сепак, во остатокот од сетот доминираше Басилашвили.

Грузиецот освојува 20 од следните 25 поени, направи серија од пет натпревари и со резултат 6-3 дојде до првиот сет. Кога Николас направи брејк на почетокот на вториот дел и поведе со 2-1, се чинеше дека прави сигурен чекор кон титулата. Сепак, Нори не мислеше така. Тој веднаш одговори со повторен брејк, израмни на 2-2, а потоа поведе со 3-2. Од оваа промена на резултатот, Британецот ја презема предноста до крајот на мечот, а ова значеше и освојвуање на овој турнир.

 

 

Се вчитува...