Камерун ќе го предизвика Египет во финалето на Африканскиот куп на нации

Селекцијата на Камерун е вториот финалист на Африканскиот куп на нации откако во полуфиналето ја совлада Гана со 2-0. Во големото финале Камерунците ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Египет.

Камерун во финишот успеа да го скрши отпорот на Гана. Нгаде – Нганџи во 77.минута најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го отвори резултатот, а Кристијан Басогог во 90.минута го потврди триумфот на својата селекција.

Во битката за третото место ќе играат селекциите на Гана и на Буркина Фасо.

All Goals & Highlights HD – Cameroon 2 – 0… by footballderby

Се вчитува...