Камерунецот од Скопје, Моунпаин е цел на Вардар и Шкупи

Во трката за сериозно засилување за настапите во Лигата на Европа, желба на Шкупи е ангажман на досегашниот фудбалер на Скопје, камерунскиот репрезентативец Оусени Моунпаин.

24-годишниот Камерунец, кој игра на централната дефанзивна позиција но и на десната бековска позиција, по преселбата на Скопје во Втората лига веќе нема право за настап во тимот од Автокоманда. Токму од таму и желбата на чаирчани за ангажман на Моунпаин кој одигра одлична сезона во дресот на Скопје пролетва, по што и доби повик за настап во репрезентацијата на Камерун за пријателскиот натпревар против Буркина Фасо.

Но, Моунпаин, според нашите информации, е на списокот можни засилувања и за Вардар како пополнување на просторот по заминувањето на Хофханес Хамбарџумјан и Дарко Велковски, но и завршениот договор на Бобан Грнчаров во одбранбената линија.

Интересни за дел од домашните прволигаши се и другите двајца странци од Скопје кои немаат право за настап следнава сезона. Французинот Жоел Бопесу и офанзивецот Кофи Досех од Того исто така би можеле и следната сезона да останат во македонскиот фудбал. Интерес за нив постои од новите прволигаши Македонија ЃП и Беласица.

Се вчитува...