Новопечениот македонски репрезентативец Лирим Ќамили игра во одлична гол-форма на крајот од сезоната во данскиот шампионат.
Ќамили повторно е стрелец за Хвидовре, со трет гол во третиот едноподруго натпревар. Во 30. коло од првенството на Данска, Хвидовре загуби со 1-2 од Одензе, а Ќамили овој пат во 80. минута погоди од пенал за својот тим, но не успеа да го спаси од пораз.
Ова е шести гол за Ќамили во пролетниот дел од сезоната во Данска. Денешниот натпревар сите 90 минути ги одигра и вториот македонски репрезентативец од редовите на Хвидовре, Ахмед Илјазовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА