Ќамили со гол донесе победа за Хвидовре на гостувањето против Одензе (ВИДЕО)

Новопечениот македонски репрезентативец Лирим Ќамили донесе победа за Хвидовре на гостувањето против Одензе од 1-2 во данскиот шампионат.

Ќамили беше стрелец на вториот гол за својата екипа во 82. минута од средбата за водство од 0-2 во тие моменти на Хвидовре. Домашните до крајот успеаја да го ублажат само поразот.

Ова е четврти гол во пролетниот дел од данското првенството за Ќамили кој дебитираше во дресот на македонската репрезентација изминатиот месец на тест дуелите против Молдавија и против Црна Гора во Анталија.

Се вчитува...