Ќамили стрелец во ремито на Хвидовре

Македонскиот репрезентативец, Лирим Ќамили ја продолжи голгетерската форма во данскиот шампионат стрелајќи за Хвидовре на денешното гостување кај Рандерс во натпреварот од 29. коло кој заврши со резултат 2-2.

Ќамили ја затресе мрежата во 68. минута поставувајќи го конечниот резултат на средбата.

За него тоа е петти гол оваа сезона, а има забележано и една асистенција.

Се вчитува...