„Камп ноу“ го менува името, спонзорскиот приход донација за здравствениот систем

Каталонскиот гигант Барселона одлучи да го продаде правото на именување на стадионот „Камп ноу“ за сезоната 2020/2021 година, а добиениот приход ќе го донира за здравствените работници како облик на поддршка во борбата против коронавирусот.

Во следните недели клубот ќе бара спонзор кој ќе помогне во оваа акција. Од клубот информираат дека ова е првпат да се случи во историјата клубот да ги продаде правата и дека никогаш не било нивни план, но дека тоа што ќе помогне на здравствениот систем од добиениот приход е многу поважно од тоа.

Се вчитува...