„Камп Ноу“ во солзи: Збогум Андрес… Ти благодариме! (ФОТО + ВИДЕО)

Последниот натпревар на Барселона сезонава во Ла Лига во која ја прослави новата шампионска титула помина во знакот на последните минути одиграни за каталонскиот тим на легендата на клубот, Андрес Иниеста.

За Иниеста, против Реал Сосиедад вечерва, беше последниот меч во дресот на Барселона, па го остави „Камп Ноу“ во солзи во 82. минута кога прернувајќи се со Лионел Меси, на кого му ја препушти капитенската лента, исчекор надвор од тревникот на најголемиот стадион во Барселона…

Барселона на крајот победи со 1-0 против Сосиедад, со триумф заокружувајќи ја шампионската сезона, но сето тоа мина во сенка на збогувањето со Андрес!

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...