Кампацо човек на одлука: Реал го доби првото Ел Класико

Реал Мадрид триумфираше во првото овосезонско кошаркарско „Ел Класико“ против Барселона, совладувајќи го каталонскиот гигант со 72-67 за свој трет трофеј во низа во Суперкупот на Шпанија.

Пресметката на вечните ривали донесе интересна и неизвесна кошарка буквално до последната минута, кога работите во свои раце ги зеде Факундо Кампацо. Аргентинскиот плејмејкер на 26 секунди до крајот ги постигна клучните поени од невозможно положување при 67-67, потоа Руди Фернандез му украде топка на Ханга, по што Кампацо од линијата за слободни фрлања стави печат на победата на „кралевите“.

Аргентинецот заслужено го доби МВП-признанието постигнувајќи 21 поен, Алберто Абалде реализираше 13, а Дек 11 поени за победничкиот тим.

Се вчитува...