Кампацо наскоро слободен – ќе ја потресе ли европската мапа?

Факундо Кампацо беше мета на неколку европски великани ова лето, но по неуспешната приказна во Денвер се одлучи да остане во НБА лигата каде доби шанса во Далас. Таму се соедини со Лука Дончиќ со кој заедно настапуваа во дресот на Реал Мадрид, но 31-годишниот повторно не ги исполни очекувањата.

Американските медиуми најавуваат нов отказ за Аргентинецот, а како замена се очекува да биде доведен Кемба Вокер. Тоа отвара можност за негово враќање во Европа каде со успех настапуваше за Реал Мадрид, повторно во дресот на шпанскиот „крал“ или пак во Олимпија Милано кој се мачи со повреди.

Камбекот на Кампацо во Еволигата и Реал Мадрид се очекува да донесе и „потрес“ на европската мапа и серија на трансфери. Во тој случај може да профитира Партизан кој и претходно се поврзуваше со својот поранешен кошаркар, сегашен член на Реал Мадрид, Најџел Вилијамс-Гос кој не добива шанса во елитното натпреварување.

Се вчитува...