Кампацо веднаш почна со „магија“ во дресот на Црвена Звезда (видео)

Црвена Звезда рутински стигна до нов триумф во АБА-лигата, славејќи на домашен терен над Борац Чачак со убедливи 86-57. Овој меч се најде во центарот на вниманието поради фактот дека во него своето деби за „црвено-белите“ го имаше Факундо Кампацо, одличниот аргентински плејмејкер кој пристигна од НБА-лигата и потпиша за „црвено-белите“.

АБА-шампионот доминираше од самиот почеток, добивајќи ја првата четвртина со 23-13. Гостите од Чачак заиграа подобро во вториот дел, добивајќи го со 22-24, но затоа Црвена Звезда одигра беспрекорно во одбраната во преостанатите 20 минути по паузата, примајќи само 20 поени (осум во третата, 12 во четвртата четвртина), за убедлива победа пред претстојниот евролигашки меч со Барселона.

Кампацо одигра 19 минути на првиот меч во дресот на Црвена Звезда, постигнувајќи 11 поени надополнети со пет асистенции, а најефикасни во таборот на „црвено-белите“ беа Добриќ со 15 и Митровиќ и Бентил со по 13 постигнати поени.

Се вчитува...