Кан: Слушнав дека конкуренцијата се надева дека ќе ја освои титулата следната година – заборавете на тоа!

Баерн Минхен доминацијата во германското првенство ја заокружи со деветтата титула во низа, а на прославата пред седум илјади навивачи легендата на баварскиот клуб и сегашниот директор, Оливер Кан испрати порака дека доминацијата ќе продолжи.

Имено, како што вели 52-годишникот, конкурентите можат само да се надеваат дека ќе стават крај на доминацијата, a неговиот клуб повторно ќе слави на претпознатливото место.

„Слушнав дека конкуренцијата се надева дека следната сезона ќе ја освои титулата. Можам да ви кажам едно нешто. Заборавете на тоа. Следната сезона ќе ја нападнеме уште посилно и повторно ќе се најдеме тука“, изјави поранешниот капитен.

Се вчитува...