Женската тениска репрезентација на Канада го освои првиот во историјата трофеј во „Били Џин Кинг“ купот откако во финалето кое се играше во Севилја славеше над Италија со 2-0 во победи.
Првиот поен за Канада изненадувачки го донесе младата Мартина Стакушиќ која славеше против 43. тенисерка во светот Мартина Тревисан со 2-0, по сетови 7-5 и 6-3. Клучниот поен за конечен триумф го донесе Лејла Фернандез која исто така со 2-0 (6-2 и 6-3) беше подобра од Јасмин Паолини.
Ова за Канада е историски прв трофеј во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА