Канадска скијачка настрада на тренинг во Лејк Луис

Канадската скијачка Мари Мишел Гањон имаше тежок пад на официјалниот тренинг во Лејк Луис. На последниот тренинг Канаѓанката имаше добро време и беше меѓу водечките, но на крајот од патеката загуби контрола и заврши во заштитната мрежа. Во страшниот пад, канадската скијачка го повреди рамото.

По осум сезони поминати во Светскиот скијачки куп, Гањон од оваа сезона се реши да вози и спуст за да ги зголеми свои шанси за освојување на медал во комбинации на претстојните Зимски олимписки игри што ќе се одржат во февруари во Јужна Кореја.

Гањон имаше повреда и операција на рамото и во 2014 година. Засега се уште не е познато колку е сериозна повредата по падот во Лејк Луис и дали Канаѓанката ќе се опорави за да може да настапи на ЗОИ во февруари 2018 година.

Се вчитува...