Канадска тенисерка не може да издржи: Доста веќе, не сум лезбејка!

Канадската тенисерка Бјанка Андреску, не можејќи веќе да издржи, им порача на фановите дека не е лезбејка, како што ја претставуваат.

Поранешната освојувачка на УС Опен, карантинот во Мелбурн го искористи за допишување со фановите, а по многу прашања дали навистина е хомосексуалка, категорично одговори.

„Доста веќе, не сум лезбејка“ – порача 20-годишната тенисерка која чека настап во Мелбурн.

Во тенискиот свет има неколку тенисерки кои отворено ја нагласуваат хомосексуалноста. Меѓу нив Австралијката Саманта Штосур, Белгијките Ван Ујтванк и Минен, Холанѓанката Хогенкамп. А, низ историјата тоа не го криеја и легенди како Мартина Навратилова, Лиза Рејмонд, Амели Морезмо, Били Џин Кинг,…

Се вчитува...