Канаѓанецот Гуај освои златен медал во супервелеслалом

Канадскиот скијач Ерик Гуај е победник на трката во супервелеслалом на Светското првенство што се одржува во Сент Мориц. Тој славеше со време од 1:25.38 минути, што беше за 45 стотинки подобро од остварувањето на Норвежанецот Кјетил Јансруд, кој има одлична сезона во Супер Џи.

Третото место го освои канадскиот ветеран Мануел Осборн – Паради, кој задоцни шест стотинки во однос на Јансруд.

Се вчитува...