Канаѓанката Андреску победничка на турнирот во Индијан Велс

Канадската тинејџерка Бјанка Андреску е сензационална победничка на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Таа во финалето ја совлада осморангираната тенисерка на ВТА листата, Анжелик Кербер, со 2-1 во сетови и стигна до првиот поголем успех во кариерата. 18-годишната Андреску на патот до финалето ги елиминира и Свитолина и Мугуруза и сосема заслужено го освои пехарот. Интересно, таа на турнирот дојде откако доби вајлд – карта за учество од организаторите.

Андреску го доби првиот сет со 6-4, но Кербер возврати во вториот и го освои со 6-3 во гемови. Сепак, во третиот решавачки сет Канаѓанката имаше повеќе сили и успеа да го комплетира финалето со 6-4, славејќи по два часа и 20 минути игра.

Во машкото финале на турнирот во Индијан Велс се среќаваат Роџер Федерер и Доминик Тим.

Се вчитува...