Канаѓанките преку САД до ново злато на женскиот хокеарски турнир

Репрезентацијата на Канада стигна до златниот медал на женскиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Канада во финалниот меч славеше над големиот ривал Соединетите Американски Држави со 3-2. Нурс во осмата и Пулин во 16. минута донесоа брзо водство за Канаѓанките по првата третина од 2-0. Во десеттата минута од втората третина веќе беше 3-0 со вториот гол на Пулин и со тоа Канада веќе ги разреши сите дилеми околу победникот.

До крајот Американките преку Кнајт во 37. минута намалија на 3-1, а со голот на Кесел на 13 секунди до крајот ги поставија конечните 3-2.

За Канада ова е рекордно петто злато од зимските игри, додека Американките стигнаа до четвртото сребро. Со бронзата се закити Финска која вчера во „малото финале“ беше подобра од Швајцарија со 4-0.

Се вчитува...