Канатларовски: Македонија е квалитетна, Пандев е искусен, можеме до триумф над Косово

Драги Канатларовски, прославениот македонски фудбалер и поранешен селектор на националниот тим, смета дека репрезентацијата на Македонија има квалитет да го совлада Косово на плејоф дуелот в четврток за пласман на ЕП. Тој вели дека искуството на Горан Пандев треба да биде пресудниот фактор кој ќе ја води Македонија до успех на дуелот со Косово, а потоа и во финалето од плејофот на Лигата на нации за пласман на Европското првенство.

„Се надевам дека искуството на Пандев ќе биде пресудно. Со него во тимот Македонија има карактер на победник, тој има акумулирано искуство од речиси две децении во италијанскиот фудбал и знае како се играат вакви мечеви. Се разбира, имаме квалитетен состав кој може да излезе како победник против Косово“, изјави Канатларовски.

Се вчитува...