Канатларовски: Со Молдавија ни е најважниот натпревар во квалификациите

Драган Канатларовски, селекторот на младата репрезентација на Македонија го објави списокот за натпреварот со Молдавија во квалификациите за Европското првенство.

Македонија стартуваше со победа над Шведска на гости, и пораз дома од Холандија. Канатларовски кажа дека како одминува времето, се повеќе му е жал за натпреварот со Холандија и поразот после толку неискористени шанси.

„Како вашите, така и нашите очекувања од оваа млада селекција, ни дава надеж дека можеме да направиме една добра репрезентација за овој циклус. Играчите кои се повикани е тоа со кое располагаме. Најдобро беше да се земат шест бодови од првите два меча, но не успеавме. Меѓутоа задоволни сме, се покажува единствно, голема хемија меѓу играчите и го даваат максимумот на секој натпревар. Против Холандија, како времето одминува се повеќе ми е криво зошто не излековме поволен резултат. Сега пред нас имаме нов натпревар, еден предизвик и со нетрпение го очекуваме дуелот со Молдавија, и се надеваме дека со позитивен резултат ќе се вратиме дома“, рече Канатларовски.

Селекторот додава дека мечот со Молдавија е најважен во овие квалификации, ако се скаа да се остане конкурент за првите две места во групата.

„Овој меч со Молдавија ни е најважен во овој циклус. Од минатото не се живее, а ако сакаме да бидеме конкуренти за првите две места мора да го добиеме“, кажа селекторот на младата репрезентација.

Се вчитува...