Антонио Кандрева најостро ги демантираше обвинувањата дека плукал кон навивачите на Интер откако му беа упатени свирежи за време на една неуспешна акција на дербито со Лацио. Инцидентот беше забележан од страна на ТВ-камерите, но Кандрева е дециден на ставот дека плукањето не било кон најверните фанови на „нероаѕурите“.
„Се појавија некои работи за кои не би требало ни да сум овде за да ги демантирам, но сепак чувствувам обврска да го сторам тоа. Имаше акција на Интер што можеше да биде опасна, јас не успеав да ја сочувам топката и бев лут на себе поради тоа. Фудбалерите плукаат на теренот многу често, но тоа не значи дека плукаат кон некого, особено кон навивачите. Исто така и пцуев, но тоа беше пцовка кон мене самиот бидејќи не ја задржав топката во поле. Сакам ова да биде јасно како ден, Форца Интер“ – порача Кандрева во изјава за клупската телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА