Кандрева реши – си оди од Интер во јануари

Антонио Кандрева не е задоволен од улогата на резерва што ја има од стартот на сезонава, поради што крилниот фудбалер веќе најавил дека во текот на зимскиот преоден рок сигурно ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Италијанскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер и во текот на летото, кога тренерот Спалети гласно му порача да не се надева на првотимски статус, но Кандрева го одби договорениот трансфер во Монако. Овојпат ситуацијата е поинаква бидејќи фудбалерот сака да остане во Италија, а сериозен интерес за негов ангажман покажува Торино.

Според информациите од Апенинскиот полуостров, самиот Кандрева е подготвен на потпис на договор со „торинезите“, а овој клуб е подготвен да испрати понуда до Интер, за позајмица на шест месеци со обврзувачка клаузула во текот на летото целосно да биде откупен овој играч од „нероаѕурите“.

Се вчитува...