Жоао Кансело го навлече бесот на раководството на Ал Хилал во Саудиска Арабија откако португалскиот фудбалер не се приклучи на подготовките на својот тим на денот кога беше најавено неговото враќање по репрезентативната пауза.
Причината е јасна – десниот бек инсистира да остане во Барселона по последните шест месеци што ги мина во каталонскиот гигант. Позајмицата истече, Кансело треба да се врати назад во Ал Хилал, но Португалецот нема намера да го стори тоа. Тој беше избришан од списокот на фудбалери за вториот дел од сезоната, не верува дека може да добие шанса од Симоне Инзаги, поради што инсистира да му биде дозволено повторно да го облече дресот на Барселона.
Ал Хилал бараше 30 милиони евра на почетокот од летово, во меѓувреме таа сума се намали на 20 милиони, но проблемот е во тоа што Барса не нуди повеќе од 10 милиони евра.
Преговорите продолжуваат, а во меѓувреме Кансело реши да на се појавува во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
